фото: Пиксабеј / Илустрација

Во Штип, денеска попладне околу 18.30 часот избувнал пожар во два стана од зграда, при што било повредено едно лице, инфомираше вечерва Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) од Штип.

– Пожарот на двата стана е на трети кат во зграда број 5 на улицата Широк Дол во Штип. Поради чадот дошло до гушење на едно лице на кое не се забележуваат видливи поврди. На повредениот му е укажана лекарска помош и е надвор од животна опасност – соопшти РЦУК Штип.

Според соопштението, противпожарните екипи излегле на терен со две противпожарни возила и екипа на брзата помош, а подоцна се приклучиле уште две возила и пожарникари.