Десетина средношколци во последните три дена со повреди завршиле во болница, како резултат на ризичниот „ТикТок“ предизвик „Супермен“.
Предизвикот е еден да скокне со испружена рака како стрип ликот Супермен и групата го фаќа и го фрла предизвиканото момче или девојче во висина. Кога детето ќе скокне врз група на деца тие или ќе го фатат или не.
Вакви видеа кружат по социјалните мрежи и истите се направени во средните и одновните училишта во Скопје.
Од видеата најчесто се гледа дека групата се трга настрана и детето паѓа директно на бетонот.
Директорот на болницата „Наум Охридски“ Небојаша Настов објаснува дека децата имаат најразлични повреди.
Докторите велат дека ваквите предизвици се многу опасни. Повредите може да бидат со многу потешки последици по здравјето на децата.
Предизвикот „Супермен“ е раширен низ сите земји. А дел од медиумите објавуваат и за тешки скршеници кај децата. Во дел од соседните земји реагираат и од Управа за аудиовизуелни медиуми до родителите и тинејџерите да не наседнуваат на опасниот тренд.