Фото: Архива

Поранешниот премиер Никола Груевски нема да ја одлежи двегодишната затворска казна во предметот „Тенк“, бидејќи на 4 октомври поминуваат шест години од правосилната пресуда за Груевски во предметот за набавката на владиниот мерцедес.

Според Кривичниот законик, како што објави Призма, застареноста на извршувањето на казната настапува кога ќе помине двапати онолку време колку што е потребно за застарување на делото, а во случајот на Груевски, рокот за застареност изнесува два пати по три години.

За истиот предмет поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска ја одлежа законската казна од 4 години, а поранешниот заменик министер Ѓоко Поповски одлежа 4, 6 години во затвор.

Со измените на Кривичниот законик направени во септември лани се намалија казните за кривичните дела како што се злоупотребата на службената положба и овластувања и злосторничко здружување.