фото: Пиксабеј

Вчера во 14.00 часот во Полициската станица Гази Баба, У.С.(45) од с. Селемли, општина Богданци, пријавил дека се договорил со Б.А., сопственик на фирма на „Кванташки пазар“ во Скопје, да се видат и да ги надминат недоразбирањата што ги имаат нивните фирми околу плаќање на роба.

Според МВР, У.С. дошол пред канцеларијата на Б.А., кој излегувал и му рекол да го почека во просториите на фирмата, каде две лица со закана го принудиле да потпише две испратници со две фактури со суми од по 1.170.000 денари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.