Фото: Пиксабеј

Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава против И.Р., 30-годишно лице од Прилеп – припадник на Армијата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи, соопшти МИА.

– На 12 февруари во касарна во Петровец, била извршена контрола на ранецот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, појаснија од МВР.