фото: ЈСП

Инцидент во автобус со број 51 на ЈСП се случил вечерва, во кој според повеќе медиуми избила групна тепачка меѓу патници.

Дел од медиумите пренесоа дека неколкумина се повредени во тепачката, а неофицијалните информации од терен говорат дека нападната била и новинарска екипа, како и дека некој од учесниците во тепачката е прободен со нож.

Од МВР сѐ уште нема официјална информација за настанот.