Фото: МИА

Повеќе лица се лишени од слобода во рамки на обемна акција на Управата за финансиска полиција, насочена кон откривање и документирање на финансиски криминал и корупција.

Од Управата информираат дека акцијата се спроведува врз основа на предистражна постапка, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Според првичните информации, постојат основи на сомнение дека службени и други лица ја злоупотребиле својата функција, влијание и општествена положба за стекнување противправна имотна корист од големи размери.

Во текот на денот, по наредби издадени од судија на претходна постапка, се вршат претреси во домови, деловни објекти и кај физички лица на повеќе локации низ државата.

Од Финансиската полиција посочуваат дека активностите се дел од поширока истрага за повеќе кривични дела од областа на финансискиот криминал и корупцијата. Во согласност со насоките на надлежниот јавен обвинител, приведени се повеќе осомничени лица, а истрагата продолжува.

Надлежните најавуваат дека по завршување на дејствијата ќе бидат соопштени дополнителни информации за случајот.