Фото: Архива

Уапсени се десетина лица во голема полициска акција, која уште е во тек во Тетово и Гостивар поради сексуална експлоатација на дете, објавува „Макфакс“ повикувајќи се на информации од МВР.

Тие се сомничат и за дело трговија со деца. Акцијата е во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

„Макфакс“ дознава дека на терен постапуваат десетици полицајци и специјалци од МВР. Цел се лица што подолго време биле следени.

Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.