Четири лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат за струшкото село Долна Белица. Несреќата се случила помеѓу два автомобили „мерцедес“.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Х.Л., а со телесни повреди се здобиле Џ.Ш. и две сопатнички од двете возила А.Л.(45) и И.Ж.(76), кои биле пренесени во Медицинскиот центар во Струга и болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Струга.