Едно лице почина во сообраќајна несреќа што се случи денеска на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар.

Од МВР информираат во незгодата учествувале „голф“ со скопски регистерски таблички, управуван од С.Р. (74) од Скопје и возило „мерцедес“ со тетовски регистерски ознаки, управуван од Л.Р. ( 72) од село Г. Палчиште.

Со повреди се здобил С.Р. и бил пренесен во Клиничката болница -Тетово каде во 13:15 часот починал.

Извршен е увид од екипа на СВР Тетово.