СВР Скопје поднесе кривична пријава против лицето С.А.(26) од Скопје поради уцена. На 25.11.2019 пријавениот, преку апликацијата Месинџер се заканил дека на социјалната мрежа Фејсбук ќе објави компромитирачки материјали за оштетената, а со тоа ќе ѝ наштети на нејзините чест и углед и на угледот на нејзино семејство. За да не го направи тоа, пријавениот побарал пари од оштетената, соопшти МВР.