Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар, на 8.1.2019 од 15 до 16 часот, извршиле претрес во објект на улица „Јордан Јордановски“ во Гостивар, во кој времено престојувал 30-годишниот Б.С. од Гостивар.

Во дневниот билтен на МВР се наведува дека при претресот, реализиран со судска наредба, во објектот се пронајдени предмети кои потекнуваат од повеќе тешки кражби: уметнички слики, разновиден алат и други предмети.

МВР соопшти дека Б.С. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар, поради сомнение дека е сторител на дваесетина тешки кражби.