Полицијата уапси шест лица по претреси на 16 локации во Прилеп, поради поврзаност со продажба на дрога во градот. Приведените се на возраст помеѓу 30 и 40 години.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски соопшти дека одземени се три возила, пари и неколку мобилни телефони.

Оваа истрага се спроведувала од септември минатата година, а од МВР велат дека се инволнирани повеќе лица, меѓу кои и полициски службеници.

– Организаторите остварувале тесни врски и со полициски службеници, врз кои влијаеле да не превземаат службени дејствија – рече Ангеловски.

Од МВР соопштија дека истрагата продолжува со цел утврдување на кривична одговорност и на полициските службеници, како и кон другите лица за кои постојат основи на сомневање дека се инволвирани во трговија со дрога.