При претсрес и контрола на угостителски објект без фирма, синоќа полицијата во Тетово пронашла и одзела 6.200 денари и два апарати за игри на среќа.

Како што информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, објектот кој се наоѓа на улицата „Мурат Бафтијари“ во Тетово е во сопственост на А.М.(49) од гостиварско Србиново.

Според неговите податоци, контролата била извршена околу 23 часот, а парите биле пронајдени во апаратите марка „Апекс“ што со потврда биле одземени.

-Против сопственикот, по целосното расчистување на случајот ќе биде поднесена пријава за незаконско приредување игри на среќа, рече Јосифовски.