Во 11 часот синоќа во Полициското одделение Маврово, С.Б.(74) пријавил дека во населбата Маврови Анови, од страна на непознати лица, со употреба на физичка сила, од постаментите биле турнати две бронзени статуи од народните херои Чеде Филипоски и Злате Малакоски.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.