Кон шеесет и деветгодишниот Ш.Џ кој беше убиен вчера во селото Рашче, било пукано од возило, соопшти МВР.

Кога Ш.Џ бил погоден од истрелите, тој исто така бил во автомобил, пришто починал на лице место.

Полицијата јави дека убиениот е од Сарај.

Убиството се случи вчера околу 15 часот на влез во селото Рашче. По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.