Полицијата казнила 418 лица кои не носеле заштитна маска, што е законска обврска од мај поради пандемијата на коронавирус.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 418 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19.