Две лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на булеварот „Илинден“ кај „Фонтана“ во Градскиот парк во Скопје.

Повредените се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

Според првичните информации возило удрило во семафор.

На местото на настанот се врши увид.