Штипската полиција поднесе кривична пријава против 31-годишниот Х.В. од Кавадарци поради сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Како што информираат од МВР, во август минатата година, пријавениот по телефон договорил и организирал транспорт на марихуана, сокриена во пратка со храна, која преку неговата мајка била донесена во затворот во Штип.