Две деца загинаа во пожар што се случи попладнево во скопската населба Шуто Оризари. Момчето и девојчето на возраст од 3 и 1,5 година, според првичните информации биле поклопени од покривот на импровизираната куќа во којашто живееле и починале пред да стигнат скопските пожарникари.
Пожарот, како што информираат од од Противпожарната единица бил пријавен околу 13.25 часот на улицата „Брсјачка буна“, во близина на пазарот во Шуто Оризари. Станува збор за дел од населбата каде има повеќе импровизирани куќарки, кои се залепени една до друга, во тешко пристапен терен. Според пожарникарите, интервенцијата била отежната и поради тоа што до куќарката нема асфалтиран пат.