Фото: Кабинет на претседателката /Илустрација

Најбогатата општина со шумско богатство во земјава, општина Кичево, речиси цело лето одолеваше на шумските пожари кои беа присутни во поголемиот дел од земјава. Но денес состојбата се промени и во општина Кичево во текот на денот регистрирани са два шумски пожари и тоа еден во село Зајас и еден во село Челопеци. Екипи на ТППЕ Кичево се присутни на терен и се ангажирани околу гасењето на овие пожари, потврдуваат од кичевската единица.

Фото: Зоран Антоски

– Во текот на денешниот ден најпрво во село Зајас избувна шумски пожар на кој беше брзо интервенирано со наша екипа и противпожарно возило и во поголемиот дел пожарот е изгаснат, но се уште не е целосно ликвидиран. Крај огнената стихија покреј нашите единици беа присутни и вработени од специјалната единица на Ш.С.Лопушник. Во текот на денот беше регистриран и шумски пожар на источната страна од село Челопеци. Бидејќи се работи за поголем шумски пожар нашите екипи во поголем број се упатија кон село Челопеци, за да придонесат за што побрзо гасење на пожарот, но топлото време и сушата придонесуваат пожарот да се шири со поголема брзина – истакна Горан Соколески командир на ТППЕ Кичево.