Кирил Петков

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков заедно министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска и министерот за транспорт и врски, Николај Сабев, на 18 јануари ќе ја посетат Македонија, соопштија од Министерството за надворешни работи (МНР) .

-Посетата е планирано да се реализира веднаш по стапувањето во функција на новата Влада на Република Северна Македонија, со што двете држави сведочат за важноста која ја придаваат на меѓусебните односи и соработка. На средбите се очекува да се реафирмираат досегашните резултати и постигнат напредок, како и да се воспостави дополнителна интензивна комуникација во насока на надминување на разликите за важни билатерални прашања меѓу двете земји – наведува МНР.

Во фокусот на разговорите, според Министерството, ќе бидат доследната имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан меѓу двете земји во август 2017 година, како и продолжувањето на напорите за исчекор во обидите да се обезбеди поддршка за почеток на преговорите на Македонија со Европската Унија.