Фото: Игор Бансколиев

Двегодишната битка за одбрана на бугарската позиција во историските спорови со Македонија стигна до прва победа, соопшти бугарската платформа „Национален круг за Македонија“ во која членуваат тамошни историчари и лингвисти, оценувајќи ги усогласените препораки на историската комисија што беа објавени вчера, пренесува „Дојче веле“.

– Победа за бугарската историска наука! Колегите во Скопје официјално го признаа очигледното. Цар Самоил е бугарски цар, учениците на Кирил и Методиј на покана на кнезот-покрстител Борис-Михаил го шират нивниот збор низ бугарското царство, Преслав и Охрид се бугарски книжевни центри. Сето тоа треба да биде запишано во учебниците на децата во РСМ“ – се вели во изјавата на бугарската платформа.

Членови на „Национлен круг за Македонија“ минатиот месец го посетија Европскиот парламент со цел да ја заштитат бугарската позиција во преговорите со Македонија, поради што сметаат дека имаат удел во сегашната „победа“.