Фото: ОМО Илинден-Пирин

Советот на Општина Благоевград усвои декларација со која се противи на отворањето на македонскиот културен клуб Никола Вапцаров во овој бугарски град, објави Атанас Кирјаков, претседателот на Градскиот комитет на ОМО Илинден од Благоевград.

– Благоевград нема да биде центар за слични пропагандни провокации – се вели во образложението на декларацијата изгласана од Советот на Благоевград.

Истото го потврдил советникот Кирил Илиев од ГЕРБ, кој изјави дека со оваа декларација им порачуваат на „македонистите“ дека не се добредојдени во Благоевград.

Отворањето на клубот беше планирано на 30 октомври.

Пред неколку дена од написот на македонскиот културен клуб беше извадена буквата „М“.

Македонците во Бугарија се жалат на притисоци од бугарските власти.