Фото: М.М. / Архива

На 2 август во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, во битолското село Трново ќе се одржи 51. традиционална Семакедонската илинденска средба.
На Семакедонската средба ќе се обрати претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, проф. д-р проф. Љупчо Коцарев.
Организатори се Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон“ и Светскиот македонски конгрес.
Покрај Коцарев, ќе се обратат и архимандрит Никодим Царкњас, градоначалникот на општина Пустец, Пале Колефски, претседателот на единствената Македонска партија во Албанија Васил Стерјовски и градоначалниците на Новаци и Могила.
Во рамките на културно уметничката програма ќе настапат КУД „Гоце Делчев“ од Битола, македонски играорни групи од Бугарија и Грција, Софија Кочевска и Соња и Оливер Бенд од Торонто, Канада.
М.М.