Фото: Општина Крушево

Повеќе од 100 нови дрвца денес се засадени во околината на Крушевско Езеро, во акција  која беше иницирана од компанијата СЕКЕ со поддршка на општина Крушево и ПСШ „Липа“.

– Ова е веќе традиција и ќе продолжиме така. Наша среќа е што во Крушево има една општествено одговорна компанија којa не само што иницира, туку и финансиски и логистички ги спроведува активностите – вели градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Пошумувањето се спроведило во рамки на Тренинг програмата за општествена одржливост која ја спроведува компанијата СЕКЕ за производство и проработка на тутун.

– Оваа програма вклучува поеќе општествено одговорни активности и проекти, покрај засадувањето на дрвца. Еве веќе пет години како ја спроведуваме оваа активност и во таа насока ќе продолжиме затоа што животната средина е наша одговорно – истакна Јане Станкоски од компанијата за производство и преработка на тутун.

Ка.М