Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде помеѓу 7 и 14, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Попладне со услови за краткотраен локален дожд и температура 28 степени.

И во наредните денови ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни процеси се очекуваат за време на викендот.