Фото: Игор Бансколиев

Во последното деноноќие, заклучно со 8 часот утринава, вкупната бројка на самопопишани изнесува 130.009. Од Државниот завод за статистика велат дека интересот на нашите државјани во странство за искористување на можноста да ги дадат своите податоци во процесот на попишување на дијаспората секојдневно расте.

– Оваа активност има извонредно значење и за Република Северна Македонија и за целата дијаспора – после многу години и секакви шпекулации со бројките на иселени државјани, конечно да имаме јасна слика каде се и колку се нашите иселеници за да може да се креираат и насочат соодветни политики за нивна поддршка и овозможување на услуги кои им се потребни од својата татковина – се наведува во соопштението.