Променливо облачно и ветровито, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег.

Утринската температура ќе се движи од пет до 12 степени, а дневната од 17 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за појава на краткотраен локален дожд. Температурата ќе се движи од 19 до 21 степен.

Пообилни врнежите ќе бидат во ноќта кон понеделник и во понеделник во текот на денот. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури позначително ќе опаднат.