Министерството за внатрешни работи (МВР) вечерва ги достави Државната изборна комисија (ДИК) податоците на граѓаните, вклучително и отпечатоците од прсти, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку Фејсбук.

Спасовски нагласи дека МВР на овој начин го испочитува законскиот рок предвиден во Изборниот законик за доставување на податоците до ДИК, кој изнесува 48 часа по распишување на локалните избори.

Претседателот на Собранието Талат Џафери завчера го потпиша решението за распишување на локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври годинава.