По тешко боледување на 10 ноември 2019 година почина Љубе Рајевски.

Роден е на 11 март 1955 година во Скопје, Рајевски беше долгогодишен директор и член на Управниот одбор во НЛБ Банка и придонесе во развојот од штедилница до една од водечките банки во земјата и НЛБ Групацијата.

Тој беше активен и во други професионални и општествени подрачја, претседател и член на одбори (Македонската развојна фондација за претпријатија, Триглав).

Љубе Рајевски важеше за еден од најпочитуваните банкари во Македонија, но
почитта ја стекна со тоа што беше човек пред сè, посветен на семејството, другарството, соседството и заедницата.

Погребот е на 12 ноември 2019 година на гробиштата Бутел Скопје во 13 часот (капела 12 -13 ч.).