На државен натпревар, учениците од музичките училишта за средно образование во Македонија, ќе се натпреваруваат во свирење инструменти, соло пеење и теоретски предмети. Натпреварите во организација на здружението „Хармонија – МБ” и се реализираат веќе 12 години, а акредитирани од Министерството за образование и наука (МОН). Државниот натпревар во организација на „Хармонија – МБ” е наменет за учениците од средните музички училишта, а ќе се одржи во Скопје на 12 јуни по инструменти и на 13 јуни во Тетово, по теоретски предмети.

– Од натпреварите се произлезни многу таленти, кои денес се репрезенти на музичкиот живот на Македонија. Во текот на сите изминати години, „Хармонија МБ”, успеа да изгради одлична соработка со наставниците, а секако и да биде извор на радост кај учениците. И покрај предизвикот што ни го донесе пандемијата, оваа година се одржа континуитетот на натпреварот – вели професорката по пијано од „Илија Николовски Луј“ Светлана Димитриевска, ккоја е во организацијата на натпреварот.

Добитниците на прво место ќе добијат парична награда од МОН. Претседател на здружението е наставничката Симона Зафировска. За сите заинтересирани, повеќе иnформации има на веб-страницата на здружението.