Згрозена сум од она што се случи со СЈО а единствениот контакт што сум го имала со Катица Јанева е за време на дебатите по повод донесувањето на Законот за јавно обвинителство, изјави вечерва министерката за правда Рената Дескоска.

Дескоска призна дека амнестијата за настаните од 27 април на осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени и промената на името е голем товар за правдата и правниот систем во Македонија.

-Како министерката за правда јас не можам да ја коментирам работата на судовите и обвинителствата како и меѓусебните односи и последните караници на обвинителката Рускоска и дел од судиите на Апелацискиот суд Скопје – изјави министерката за правда во вечерашното гостување во „Само интервју“. 

Таа истакна дека судиите и обвинителите мора да отворат дијалог во интерес на правото во Македонија.