Времето утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во источните делови каде на места ќе бидат и поројни. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје претежно облачно со утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во следните денови ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголемува висината на снежната покривка. По котлините ќе има појава на утринска магла. Во почетокот на наредната седмица времето ќе се стабилизира, но ќе дува засилен северен ветер.