Фото: Бигорски манастир

Воодушевување на публиката и долг аплауз предизвика првиот настап на монашкиот хор при Бигорскиот манастир за време на Меѓународниот фестивал на православна црковна музика што се одржува во Атина. На него беше и првото претставување на хорот во грчката престолнина.

Фото: Бигорски манастир

Фестивалот е под покровителство на Министерството за култура на Грција, општината Атина и атинската архиепископија. На него присуствуваа генералниот секретар од Министерството за надворешни работи на Грција, како претставник на Владата и претставник на грчкиот архиепископ Јеронимос, како и игуменот Бигориски манастир, Епископ Антаниски г.Партениј.

Отец Анатолиј одговорен за машкиот хор, објаснува дека учеството на првиот Меѓународен фестивал на православна црковна музика беше по покана од претседателот на Здружението на јеропсалти, односно црковни певци на периферијата Атика, поширокиот регион на Атина, Илиас Редиадис -Тумбас, а „сето тоа е со благослов на архиепископијата атинска, односно на архиепископот атински господин Јероним и со нивно покритие“ и со поддршка од Министерството за култура на Грција.