Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.908 тестови, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје – 57, Битола – 24, Охрид – 7 , Прилеп и Велес – по 5, Струга , Берово и Валандово – по 4, Кавадарци и Кичево – по 3, Куманово и Струмица – по 2, Штип, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Делчево, Демир Капија и Мкаедонска Каменица – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (127), регистрирани се 20 реинфекции.
Регистрирани сe 123 оздравени пациенти од: Скопје – 68, Битола – 19, Струмица – 7, Кавадарци и Гостивар – по 4, Велес, Штип и Струга – по 3, Прилеп, Кичево и Гевгелија – по 2, Куманово, Охрид, Кочани, Ресен, Радовиш и Виница – по 1.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени две починати лица од Скопје (82г) и Охрид (91г), едно лице е починато во домашни услови и едно во болнички услови, пријавени во период од 02.04 до 12.04.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.000.910 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.878, бројот на оздравени пациенти е 298.811, на починати е 9.265, а бројот на активни случаи изнесува 802.