Прилично е стабилна епидемиолошката состојба со ковид-19 во земјава и лично сметам дека ниту поради сојот омикрон ниту поради кој друг нов сој треба да се воведуваат дополнителни рестрикции, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. На 24 декември беше детектиран прв случај на сојот омикрон во земјава, и засега останува единствен.
Филипче вели дека следната недела ќе се прави нова група тестови за секвенционирање на вирусот, но дека засега нема знаци за влошување на ситуцијата.
Во земјава има 4.832 активни болни од ковид-19, а министерот додава дека се испразнети голем број од ковид-центрите и инфективните одделенија.
-Сметам дека сите земји треба да научат да живеат со оштите превентивни правила и да се зголемува степенот на вакцинација против ковид-19. Не можеме за секој еден сој да воведуваме мерки. Сметам дека тоа што се бара задолжителна вакцинација, мерките што важат да не се преполнуваат затворените простории, како и мерките за патување се сосема доволни – рече Филипче.