Фото: Каролина Мицевска

Во општина Прилеп денеска се регистрирани четири нови лица заразени со коронавирусот, со што вкупниот број на инфицирани со ковид-19 изнесува 38 информираат од општината.

 Од Центарот за јавно здравје во Прилеп потврдуваат дека еден нов случај, трет по ред, е регистриран и во општина Крушево.

– Во Инфективното одделение на прилепската општа болница „Борка Талески“ се хоспитализирани четири лица, сите со средна клиничка слика. Вчера во попладневните часови, во Инфективната болница во Скопје е транспортиран еден повозрасен пациент, кај кого била констатирана потешка клиничка слика – велат од општината.

Исто така, во прилепската болница во изолација се наоѓаат тројца пациенти. За двајца од нив се чекаат резултати од земениот брис, а третиот пациент е во фаза на обработка.

Ка.М.