Планот за дополнителни рестрикции во региони каде што има појава на поголем број на пациент или се потенцијален ризик наскоро ќе биде промовиран, кажа министерот за здравство Венко Филипче во интервју за порталот „МКД“. Тој додаде и дека здравствениот систем се подготвува за сценарија со повеќе пациенти наесен, но се надева оти луѓето ќе се придржуваат до превентивните мерки.

Според Филипче, меѓу можните мерки би можеле да бидат враќањето на полицискиот час, затворањето на училиштата и угостителските објекти, како и забраната за собири, со што од голема важност во планот за рестрикции би бил регионалниот пристап.

Во однос на подготовката за работа на 16 ковид-центри и монтажни болници, министерот истакна дека тие ќе бидат дел од постојаните болници.

Филипче се осврна и на организирањето на наставата во претстојната учебна година. Тој смета дека децата до трето одделение треба да одат во училиште, додека другите би можеле да следат онлјан-настава, според предлогот на Комисијата за заразни болести. Но, додава дека треба да постои и онлајн модел, доколку има родители што не се согласуваат.