Во општина Прилеп во последните 24 часа се регистрирани четири нови случаи на лица
инфицирани со коронавирусот, со што вкупниот број сега се искачи на 50. Од
општина Прилеп велат дека во самоизолација се наоѓаат 159 лица.

Изминатата ноќ едно лице не го почитувало полицискиот час и против него е поднесена соодветна пријава.

На земјоделците од општина Прилеп кои имаа пријавено штети настанати од невремето во 2018 и 2019 година, Општина Прилеп денеска им ги исплати предвидените средства. На 1.444 лица, исплатени им се вкупно 39 милиони денари – информираат од општината.

Од попладнево па се до понеделник, во Прилеп, додека трае забраната за движење ќе работат седум маркети, кои ќе им излегуваат во пресрет на граѓаните кои ќе можат по телефон да нарачуваат и намирниците да им бидат донесени дома.

Една аптека ќе биде дежурна за потребите на матичните лекари.

Во деновите од викендот волонтерската служба на Општина Прилеп ќе биде достапна 24 часа, исклучиво за доставување на лекарства. Ка.М.