Фото: Зоран Антоски

Во текот на изминатотот деноноќие, за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот во Кичево, нема прекршување на полицискиот час и не се регистрирани кражби, ниту сообраќајни незгоди.

Во последниве неколку дена евидентно е дека жителите на Кичево покажуваат поголема дисциплина и самоодговорност, а во тоа секако им помага и продолженото време за прошетки и излегувања.

Во изминатото деноноќие евидентирани се шест лица од Кичево кои се наоѓаат во самоизолација, а од страна на полициски службеници извршена е контрола кај овие лица и не се регистрирани неправилности. На ниво на СВР-Охрид извршени се и 59 контроли врз угостителски и други објекти, од кои дел и во Кичево, и таму не се регистрирани неправилности во работењето. З.А.