Во Прилеп денеска е евидентиран еден нов случај на ковид-19, а до овој момент нема информација за новоизлекувани пациенти од оваа заразна болест, информираат од општина Прилеп.

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 16 лица, од кои 11 се позитивни на коронавирус, а петмина пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Од нив, двајца се негативни на коронавирус, а на тројца земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 234 лица, а во изминатото деноноќие, немало нарушување на полицискиот час. Ка.М.