Досега во земјава се регистрирани 257 случаи на коронавирус, откако денеска беше соопштено за нови 16 лица кои се позитивни на Ковид-19.

На Клиниката за инфекнтивни болести во изминатите 24 часа починале двајца пациенти, со што бројот на починати достигна вкупно шест лица.

Најмладиот починат пациент е на 31-годишна возраст, а најстариот имал 91 година.

Досега целосно се излечени три лица.