Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ Македонија е 101 и има околу 530 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје има хоспитализирани 4 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.
Четворицата пациенти биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа, во главниот град, дома се пуштени 7 оздравени пациенти.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 2 пациенти, во Велес се лекуваат 7 болни, а во Куманово 16 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.
Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 7 пациенти, во Прилеп 2, во ковид центарот во Гостивар 8, а во Струга 5 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 9 пациенти, во Кичево 1 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.