Во изминатите 24 часа се регистрирани 57 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2 во Хрватска, а вкупната бројка на заболени е 842, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита на Република Хрватска.

Меѓу активните пациенти, 93 пациенти се во болница, од кои четворица се на респиратор.Во последните 24 часа нема смртни случаи, а во моментот има 4.801 лица во самоизолација.

Од првиот регистриран случај на инфекција со коронавирус во Хрватска, на 25 февруари, евидентирани се вкупно 3.151 заразени лица, од кои 113 починале, а 2.196 се опоравиле.До денес, тестирани се вкупно 85.410 лица, од кои 1.244 во последните 24 часа.