Во изминатите 24 часа во Бугарија починале осум пациенти, така што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата на коронавирус е 308, јавува агенцијата ТАСС. Во болниците има 624 пациенти со коронавирус, од кои 34 се на интензивна нега.

На двајца членови на администрацијата им е дијагностициран ковид-19, така што владата ќе биде затворена поради дезинфекција.

Поради зголемениот број случаи на коронавирус кај медицинскиот персонал, Бугарија се соочува со недостиг на медицински работници. Најзагрижувачка е ситуацијата во Пловдив, каде што се потребни нови кревети за пациенти со ковид-19.

Бугарија ги објави првите случаи на коронавирусот на 8 март, а властите прогласија вонредна состојба која траеше од 13 до 14 мај.

Во Бугарија е прогласена вонредна епидемиолошка состојба, која е продолжена до крајот на јули.

Носењето заштитни маски е задолжително на затворените јавни места.