Првите количини вакцина против Ковид-19 ќе пристигнат во Србија до крајот на годината, најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

– Ќе имаме две, а можеби и три вакцини – додаде тој.

Кога точно ќе почне вакцинацијата, дали на почетокот на следната година, зависи од експертите и нивните процени, рече Вучиќ и додаде дека тоа може да се случи во јануари.

Според него, вакцините на „Фајзер“ се веќе нарачани, а Србија ќе биде меѓу ретките земји што ќе ги примат тие вакцини до крајот на годината.

– Ќе видиме како ќе работи. Веруваме дека голем дел од вакцините ќе пристигнат во јануари и февруари. Ќе има околу 340.000 вакцини, што е за 170.000 луѓе – рече Вучиќ.

Тој додаде дека руската вакцина сега се тестира во Србија, а се чека на регистрација на вакцината во Кина. Вучиќ рече дека има разговори со компанијата „Модерна“, која може да ја достави вакцината дури на крајот на следната година, и дека ќе разговараат и со компанијата „Џонсон и Џонсон“.