– Додека се бориме со вирусот, ние не смееме да дозволиме стравот да стане вирусен – изјави генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, кој ги повика луѓето и нациите да се обединат против заедничката закана од Ковид-19.

Ова е повик за одговорност и солидарност, како обединети нации и како обединети поединци, рече Гутереш.

– Заедно, сè уште можеме да го промениме текот на оваа пандемија, но тоа значи решавање на неактивноста. Најдобрите научници ни кажуваат дека доколку државите откриваат, тестираат, третираат, изолираат, трагаат и ги мобилизираат своите луѓе како одговор, можеме да одиме на долгиот пат кон ублажување на преносот на заразата – додаде Гутереш.

Светската здравствена организација вчера соопшти дека вирусот преминал во пандемија.Новиот коронавирус првично се појави во декември во кинескиот град Вухан и брзо се прошири низ целиот свет, заразувајќи над 120.000 лица.