Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп на претседателските избори освои 295 електорски гласови и ја победи кандидатката на Демократската партија, Камала Харис, која освои 226 електори, покажуваат мајновите проекции на „Асошиетед прес“.
Трамп ги освои Ајдахо, Јута, Монтана, Вајоминг, Северна и Јужна Дакота, Небраска, Канзас, Оклахома, Тексас, Мичиген, Висконсин, Ајова, Мисури, Арканзас, Луизијана, Индијана, Кентаки, Тенеси, Мисисипи, Алабама, Флорида, Џорџија , Северна Каролина, Охајо, Западна Вирџинија, Алјаска и Пенсилванија.
– Иако сè уште не се преброени сите гласови, Трамп води и во Невада и Аризона – додаваат американските меидуми.
Харис победи во округот Колумбија, Мериленд, Делавер, Њу Џерси, Конектикат, Род Ајленд, Масачусетс, Њу Хемпшир, Вермонт, Њујорк, Мејн, Вирџинија, Илиноис, Минесота, Колорадо, Ново Мексико, Вашингтон, Орегон, Калифорнија и Хаваи.
Трамп води и по добиени гласови, досега има освоено 72,6 милиони гласови, а Харис 67,9 милиони гласови.