Фото: Пиксабеј/Илустрација

Во текот на ноќта Русија изврши воздушни напади врз Киев и украинските градови на истокот и западот на земјата, а според прелиминарните извештаи нема повредени.

Воената администрација на Лавов, град со околу 700.000 жители, кој се наоѓа на околу 70 километри од границата со Полска, соопшти дека Русија погодила критична инфраструктура, предизвикувајќи пожар.

Шефот на воената управа на регионот Запорожје, Јуриј Малашко, на Телеграм напиша дека цел на рускиот напад била телекомуникациската инфраструктура и земјоделските површини и дека нема жртви.

Според прелиминарните податоци, воената команда објави дека Русија лансирала седум ракети во нападот на Запорожје, .

Воената управа на Киев соопшти дека воздушната одбрана во градот била ангажирана во одбивање напад со руски беспилотни летала врз главниот град и регионот, пренесува „Ројтерс“.

Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека според првичните информации, украинската противвоздушна одбрана соборила 28 од 30 беспилотни летала „Шахид“ од иранско производство.